-->
-->
Освои титули со 6 клуба, ќе успее ли и со Јунајтед?!
-->
Жозе Мурињо (53) е новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, потврди во петокот клубот од „Олд Трафорд“ на својата интернет страница.
Португалецот потпишал тригодишен договор, со можност истиот да биде продолжен до 2020 година. Мурињо на менаџерската позиција го наследи Луи Ван Гал кој по две години замина од клубот, со кој во саботата, ја освои титулата во ФА купот.
„Специјалниот“, како што е прекарот на Португалецот, во декември минатата година, поради серијата лоши резултати, доби отказ во Челзи.
Манчестер Јунајтед ќе биде седмиот клуб во кариерата на Мурињо по Бенфика, Леирија, Порто, Челзи, Интер и Реал Мадрид.
Со исклучок на Леирија, Мурињо со секој од наведените тимови ја освојувал шампионската титула, а со Порто и Интер стана и европски првак.
„Посебна чест е да се биде именуван за менаџер на Манчестер Јунајтед. Клубот е познат и ценет во целиот свет. Овде се мешаат мистичноста и романтиката, работи со кои не може да се мери ниту еден друг тим. Отсекогаш сум чувствувал почит кон Олд Трафорд. За овој стадион ме врзуваат убави спомени. Се радувам што ќе бидам менаџер на тимот кој има армија навивачи“, рекол Мурињо за клупската интернет страница.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Каселакис до Мицотакис: Ако сметате дека Договорот од Преспа е предавнички, еве Ви шанса да го поништите, но нема да го сторите тоа
-
Приведен дилер во Битола за издржување затворска казна
-
ЦУК: Поплавени подруми и гаража во охридско од поројниот дожд
-
Путин одржа состанок за поплавите и пожарите во Русија
-
Украинското воздухопловство ги соборило сите 37 дронови лансирани од Русија
-
Израелската војска соопшти дека пронашла тело на уште еден заложник во Појасот Газа
-
Најмногу дожд во Охрид во изминатите 24 часа
-
Украина побарала помош од САД за напади на територијата на Русија