Бизнис
28. February 2018 - 20:26

Осум вработени во градинка во Велес добија отказ

Осум вработени во градинката Димче Мирчев во Велес останаа без работа. Денеска по завршувањето на работното време им било кажано дека договорите на опредлено време им истекле, дека нови нема да има. Од утре веќе да не доаѓаат на работа.

Отказите на работничките од градинката од Велес доаѓаат смао 5 дена откако Министертсвто за труд соопшти дека добило согласнот за вработување на неопределно време на 226 лица во градинките и дека работните места на овие луѓе се конечно сигурни.

„Министерството за труд и социјална политика обезбеди согласност од Министерството за финансии за вработувања на неопределено време на 226 работни места во јавните установи за деца-детски градинки, за трајно испразнети работни места, a кои тековно биле пополнувани со вработувања на определено време. Со овој чекор МТСП ја прекинува долгогодишната состојба на несигурност и неизвесност кај вработените во градинките, но и кај децата и родителите“, стоеше во соопштението од Министертсвто. .