Османи: Откажувањето на моето учество во Бања Лука е согласно интересите на државата
Мојата одлука е согласно интересите на државата, а интересите на државата се во рамки на Стратегијата на ЕУ, и присуството би значело оштетување на интересите на државата, изјави вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи прашан за одлуката да не учествува на конференцијата за Западен Балкан во Бања Лука.
- Одлуката не ја донесов како Албанец, туку како европеец, којшто верува во европската иднина на регионот. Стратегијата на ЕУ за регионот предвидува перспектива на сите шест земји од регионот за членство во ЕУ и еден од предусловите за да може овој регион да стане дел од ЕУ, е помирувањето. И било каква иницијатива со која не се дава придонес кон помирувањето, туку напротив се исклучува една од државите, е спротивна на идејата на самата Стратегија, изјави Османи.
Посочи дека и да не била повикана некоја друга држава, немало да учествува на таа конференција, бидејќи, како што рече, не е во духот на соработката и регионалното помирување. - Сметам дека таа одлука е во рамки на интерсите на државата, додаде Османи.
Ново на Сител
-
Разрешен е директорот на Токсикологија, Данил Петровски
-
СИРИЗА ќе ги поднесе во грчкиот Парламент трите меморандуми со Северна Македонија
-
Пендаровски се откажа од државна пензија
-
До четврток облачно и дождливо, в петок пораст на температурата
-
Приватните специјализанти очекуваат новиот министер веднаш по назначувањето да ги повика на разговори
-
Тешка сообраќајка меѓу две возила, две лица повредени
-
Прегазена малолетничка во Штип
-
Куманово: Приведен 38 годишник кој допирал три малолетнички по телото