Општина Дебрца го одбележа патрониот празник
Со низа свечености денеска беше одбележан 3 октомври - Денот на Општината Дебрца. Чествувањето започна со полагање цвеќе во селото Црвена Вода, пред спомен-обележјето на Манифестот на Генералштабот на НОВ и ПОМ, а потоа продолжи со откривањето на реновираниот споменик од Трајче Дојчиноски во село Белчишта.
Градоначалникот на Општина Дебрца Игор Трајковски во обраќањето пред сограѓаните истакна дека 3 октомври како празник не е посебен само за Дебрца, туку и за Македонија, бидејќи тогаш се обединува народот со повик да се вклучи во ослободувањето на својата земја.
- Дебрца е поим за слободарски дух, за силна желба за самостојност, Дебрца е поим за хероизам и саможртва, за неисцрпна енергија и љубов од сите и кон сите. Ние, Дебрчани сме горди на нашето минато, на нашите вечни слободарски идеали со кои и денес чекориме, обидувајќи се да и дадеме нова смисла и нов квалитет на нашата општина, на животот во неа, на обидите нашите поколенија кои се задоени со вербата во Македонија како единствена роднина, да имаат подобар и посигурен живот. Можеби не успеваме во целост да реализираме некои идеи и желби, заложби и соништа, но имајќи ги во доволен број трасираме пат кон подобра иднина за нашите деца, за нашата Дебрца, истакна Трајковски.
На 3 октомври 1943 година во селото Црвена Вода беше донесен Манифестот на Генералштабот на НОВ и ПОМ, во време кога на чело на Генералштабот беше Михајло Апостолски. Во документот беше претставена платформата на НОБ и државноста на Македонија, а Манифестот е потпишан од страна на сите тогашни членови со полни имиња, со цел да се отстранат сомнежите од тогашната пропаганда дека за ослободувањето на Македонија не се борат Македонци, како и да се минимизира целото народноослободителско движење.
Ново на Сител
-
Поради силни турбуленции повредени се 12 лица на лет на „Катар Ервејз“ на релација Доха-Даблин
-
Скопјанец почина косејќи трева во двор, го усмртил струен удар
-
Дачиќ: Резолуцијата за Сребреница не е правно обврзувачка
-
Ја вознемирувал поранешната партнерка и непочитувал судска мерка, уапсен неготинец
-
Без струја утре делови од Ѓорче Петров и Карпош
-
Голема тепачка меѓу навивачи на Олимпијакос и Панатинаикос во Берлин
-
„Од Битола до Вевчани се сардисано“ - годишен концерт на КУД „Дримкол“ Вевчани
-
Млад возач на „јамаха“ заврши во болница по судир со „пежо“