-->
-->
Одредени термините за „Фајнал-форот“ во ракометната Лига на шампиони
-->
Европската ракометна федерација (ЕХФ) денеска ги објави термините за завршниот „Фајнал-фор“ турнир во Лигата на шампионите во машка конкуренција.
На турнирот, кој ќе се игра во германскиот град Келн, полуфиналните натпревари на програмата ќе бидат на 3 јуни, првиот со почеток од 15:15 часот, додека вториот во терминот од 18 часот.
Натпреварите за медал ќе се играат в недела (4 јуни) и тоа дуелот за третото место ќе биде со почеток од 15:15 часот, додека големото финале ќе започне во 18 часот.
Ждрепката за полуфиналните парови ќе се одржи на 2 мај во Келн.
Потсетување дека разигрувањето на шампионскиот трофеј кој го брани полскиот тим Киелце, стартуваше синоќа со германското дерби меѓу Кил и Рајн-Некар Ловен, натпревар во кој победија гостите.
Осминафиналната рунда продолжува викендов со средбите:: ППД Загреб – Веспрем, Нант - Париз Сен Жермен (сабота) и Силкеборг – ПИК Сегед, Мешков Брест – Фленсбург и Монпелје - Килце (недела).
Реванш натпреварите ќе се играат од 30 март до 2 април, по што ќе бидат познати шесте екипи кои ќе им се приклучат на македонскиот шампион Вардар и шпанската Барселона, кои како првопласирани во групите обезбедија директен пласман во четвртфиналето.
Потсетување, дека Вардар за противник во четвртфиналето ќе го има победникот од двомечот меѓу Фленсбург и Мешков Брест.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста