Одбележување на Денот на крводарителството во Македонија
Со повеќе активности денеска ќе биде одбележан 17 Март - Денот на крводарителството во Република Македонија.
Во Градскиот трговски центар ќе биде поставен промотивен штанд на кој волонтери од Клубот на крводарители на Црвениот крст на Град Скопје и „Клуб 25“ ќе делат флаери и ќе даваат информации за крводарителството, а медицински лица од Институтот за трансфузиона медицина ќе определуваат крвна група на граѓани.
На овој ден во 1945 година е формиран и Црвениот крст на Република Македонија, кој ќе го одбележи основањето и Денот на крводарителството со пригодни активности како што се тркалезни маси, доделување на признанија на крводарители и предавања во образовни институции за подигнување на свеста кај учесниците за здравствено превентивни и социјални теми.
Ново на Сител
-
ЦУК апелира до граѓаните на внимателност при палење оган на отворено
-
Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест
-
Една недела до одржување на изборите, партиите продолжуваат со предизборните активности
-
Зградата на ЕК осветлена во чест на 20-годишнината од големото проширување на ЕУ
-
Првомајски штрајк и протести во Грција
-
Јавниот превоз во Скопје денеска по неделен возен ред
-
На првиот ден од мај променливо облачно и топло, попладне локален дожд
-
Дарко Каевски тврди дека не е виновен