Одбележан Денот на крводарителството и 73 години Црвен крст на РМ
Црвениот крст на Република Македонија вечерва одбележа 73 години од своето постоење и 23 години од полноправното членство во Меѓународната федерација на друштвата на Црвениот крст и Црвена полумесечина.
Во пресрет на 17 Март - Денот на крводарителството во Република Македонија, генералниот секретар на Црвениот крст на Македонија Саит Саити изјави дека нивната организација ужива добра репутација во регионот и во државата и додаде оти имаат одлична соработка со институциите.
- Крводарителите се едни од најхуманите луѓе во нашите редови и во нивна чест Денот на формирањето на Црвениот крст е и Ден на крводарителството во Република Македонија. Исполнет е годишниот план на крводарителство во Република Македонија, а тоа се 55.000 крвни единици. Толку беше планирано на почетокот на 2017 и толку се реализираа на крајот од 2017 година и со тоа помогнавме и придонесовме нашиот здравствен систем во ниту еден момент да не почувствува недостиг на крв и крвни продукти, рече Саити. Потсети на принципите на Црвениот крст - хуманост, солидарност, помош на сите.
На настанот присуствуваше и министерот за здравство Венко Филипче кој рече дека Црвениот крст е нивни сериозен партнер во активностите кои заеднички ги преземаат за унапредување на здравствената заштита на сите граѓани во нашата држава.
Тој истакна дека во рамки на Министерството за здравство секоја година одвојуваат посебна сума на средства за програма за организирање и унапредување на крводарителството, а за годинава тие се зголемени за еден милион денари и сумата изнесува 15 милиони денари.
Ново на Сител
-
Подољак: Да се усвои единствена одлука за враќање на воено способни мажи во Украина
-
Реакција на осигурителните компании на одлуката да се врати старата цена за авто одговорноста
-
Хунтата во Мјанмар им забранува на мажите да аплицираат за работа во странство
-
При претрес приведен дилер од Битола
-
Јунајтед ќе го продолжи договорот со Гринвуд
-
Алонсо по победата над Рома: Сè беше прилично јасно, навистина настапивме на високо ниво
-
Генералштаб на Украина: Руските сили ги интензивираа нападите кон Авдејево
-
Најстудено на Попова Шапка и во Лазарополе, најмногу дожд во Виница