Од утре промена - Еве какво време не очекува
Времето утре претпладне ќе биде променливо облачно со слаб локален дожд, особено во северните делови. Потоа ќе биде сончево и релативно топло со мала до умерена облачност и слаб до умерен, а во вечерните часови на места и засилен северозападен ветер.
Температурата ќе се движи од 18 до 28 степени.
Во вторник времето да биде променливо облачно, ветровито и постудено со повремени врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет. Максималната температура ќе се движи од 14 до 22 степени.
Променливо облачно, студено и ветровито, но претежно суво ќе биде во среда, кога дневната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.
Во четврток ќе настапи разведрување, па утринската температура ќе се спушти од 0 до 7, а во петок од -2 до 5 степени. Од четврток дневните температури ќе бидат во постепен благ пораст.
Ново на Сител
-
Смртни закани и за градоначалникот на Кавадарци
-
Статус кво на токсикологија - Догороворците си одат на работа, ДСЗИ ќе врши надзор неделава
-
Епидемијата со голема кашлица не стивнува
-
Жителите на прилепско Оревоец на Суд ќе ја бараат правдата
-
Во Скопје има 180 пожарникари, а потреби се над 450 - Подобри услови ќе бараат од новата Влада
-
Преглед на вестите од светот
-
Европската комисија повикува на почитување на Преспанскиот договор
-
Се одбележува 20 мај - Денот на пожарникарите