-->
-->
Очекувани победи на ППД Загреб и Веспрем во СЕХА лигата
-->
Фаворитите за највисок пласман во регионалната ракометна СЕХА лига, екипите на ППД Загреб и Веспрем забележаат очекувани победи.
Во двата последни натпревари од календарската 2015 година одиграни синоќа, хрватскиот и унгарскиот првак славеа победи против Борац и Татран Прешов.
Во Загреб, составот предводен од Весели Вијовиќ без многу мака го победи Борац со 30-20, додека Веспрем постигна 39 гола во дуелот со Татран Прешов во кој гостите броеа до 31.
Со овие победи и освоените три бода, Веспрем и ППД Загреб се зацврстија на второто и третото место на табелата, па до следното коло закажано за 2 февруари 2016 година, ќе презимат зад македонскиот шампион Вардар, кој е прв со три односно четири бодови повеќе во однос на конкурентите.
Табела:
Вардар 34 бодови (14 одиграни натпревари),
Веспрем 31 (11),
ППД Загреб 30 (13),
Татран Прешов 27 (14),
Мешков Брест 21 (11),
Нексе 21 (13),
Војводина 11 (15),
Борац 10 (14),
Спартак 10 (15),
Макс Струмица 2 (14).
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Елмедин Конаковиќ, Министер за надворешни работи на БиХ
-
Да се симнат табуата и мажите почесто да прават лекарски прегледи
-
До утре комплетен список на министрите на Владата на Мицкоски
-
Тивок бојкот во СДСМ
-
Ќе плаќаме ли поскапа струја од 1 јули?
-
Зголемен обем на работа во ГОБ 8 септември поради хаосот со салите на Клинички, а кадарот масовно си заминува
-
Спасителите на вода неопходност за безбедни капалишта
-
Националната земјоделска мрежа ги утврди производната и откупната цена на пченицата