Македонија
12. September 2016 - 16:34

Обид на Тозија за политизирање на прес конференцијата на „Браќа Манаки“

На најнепрофесионален начин продуцентот Горјан Тозија се обиде да го исполитизира најпрестижниот филмски фестивал во земјава Браќа Манаки.

Без аргументи на прес-конференцијата на фестивалот јавно себеси се претстави како жртва на селективна политика поради која тој е незадоволен од распределбата на финансиски средства од страна на Филмскиот фонд.

За разлика од ваквите негови тврдења со реакција излезе и Агенцијата за филм, во кое се вели дека заедно со Министерството за култура во изминатиов период се поддржани повеќе филмски проекти во кои е вклучен и продуцентот Тозија, како што е актуелниот филм „Ослободување на Скопје“, но и филмовите „Трето полувреме“, „Балканот не е мртов“, „Духот на баба Илонка“.  

Со самото учество на господинот Тозија во наведените проекти јасно е дека станува збор за само уште еден обид да се дискредитира успешната културна политика на Република Македонија во која творештвото и творечката естетика се на прво место.

Своето незадоволство Горјан Тозија многупати го изразил на груб и вулгарен начин. Причините за таквото негово однесување сигурно не се во доменот на културата. Со овој демант, македонската културна јавност ќе има една реална слика за еден перфиден, неаргументиран и, пред сè, субјективен напад  на целокупната филмска и културна состојба во нашата земја.

Нормативниот кодекс на оваа Влада и културната политика на Министерството и Агенцијата за филм гласи: единствено  мерило за финансирање на еден проект е неговата естетска вредност, преку транспарентно и неселективно одлучување во интерес на филмската уметност и културата, се вели во реакцијата на Агенцијата за филм.

Дека Браќа Манаки е најпрестижниот филмски фестивал во земјава кој не е  под политичко влијание смета и Федон Папамихаел, овогодинешниот добитник на специјалната награда Златна камера 300 за особен придонес во светската филмска уметност.

Во недостаток на професионални резултати и во пресрет на изборите, со ваквите јавни настапи Тозија се обидува да биде забележан како партиски активист. Со создавање на јавни скандали од важни меѓународни културни настани тој создава дирекна штета на овие престижн и манифестации како што е случајот со фестивалот Браќа Манаки.