Обама: Се надевам дека Сандерс ќе се откаже во следните неколку недели
Американскиот претседател Барак Обама изрази надеж дека претендентот на номинацијата на Демократската партија за претседател на САД, Берни Сандерс, во следните неколку недели конечно ќе ја признае победата на својата противничка, Хилари Клинтон, иако вети дека ќе продолжи да се бори до партиската конвенција закажана за следниот месец.
Како што пренесува Танјуг, Обама синоќа, во емисијата на Џими Фелон, кажа дека кандидатурата на Сандерс во жестоката демократска кампања била позитивна.
-За Демократската партија беше здраво да има тесни внатрепартиски избори, рече Обама, оценувајќи дека Сандерс во демократската кампања внел огромна енергија и нови идеи, односно дека Хилари Клинтон ја направил подобар кандидат.
„Се надевам дека во следните неколку недели ќе постигнеме единство“, истакна американскиот претседател.
Обама забелешката ја даде еден ден откако Клинтон победи во четири од шесте внатрепартиски избори и се прогласи за неспорен кандидат на Демократската партија на претседателските избори кои ќе се одржат во ноември.
Сандерс, меѓутоа, одби да го признае поразот и порача дека ќе продолжи да се бори за номинацијата.
Тој денеска ќе се состане со Обама, а се очекува претседателот притоа формално да го повика да ја заврши својата кампања, за поделената партија да може да се обедини и енергијата да ја фокусира на борбата против републиканскиот претендент на номинација Доналд Трамп.
Обама, формално, се уште не поддржал ниту еден од претендентите на номинацијата, иако во пошироките кругови се верува дека неговите симпатии се на страната на Хилари Клинтон, поранешната државна секретарка на САД, која ја победи во трката за демократска номинација во 2008 година.
Ново на Сител
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани
-
Течат роковите за приговори
-
Почнуваат преговорите, три до четири министерства за ВРЕДИ во новата Влада
-
Грција во исчекување на позициите на ВМРО-ДПМНЕ за Преспанскиот договор