Обама: Брегзит го притисна копчето за пауза во европските интеграции
Американскиот претседател Барак Обама денеска предупреди на меѓународната „хистерија“ што следеше по минатонеделниот британски референдум на кој се гласаше за излезот на оваа земја од Европската Унија.
Обама во интервју за Националното јавно радио (НПР) изјави дека го почитува резултатот од референдумот.
Според него, ваквиот исход значи дека „врз проектот за целосна европска интеграција е притиснато копчето за пауза“.
- Јас тоа не би го пренагласувал. Имаше малку хистерија по гласањето за Брегзит, како одеднаш НАТО да исчезна, како трансатланското сојузништво да се распадна и дека секоја земја бега во својот агол. Тоа не е точно, рече Обама.
Тој наведе дека исходот од референдумот „зборува за промените што се во тек и за предизвиците што ги носи глобализацијата“, опишувајќи го како реакција на растечката ЕУ која „веројатно се движеше побрзо и без многу консензус во однос на тоа како требаше да се движи“.
Американскиот претседател кажа и дека „не очекува дека заради ова да има големи катаклизмички промени“.
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости