-->
-->
„Новости“: Почна војната за 10 милиони документи од Хашкиот трибунал
-->
Србија, Хрватска и Босна и Херцеговина се обидуваат да дојдат до што поголем број на документи и доказни предмети кои се во Хашкиот трибунал, кој по 24 години работа набрзо ќе се затвори, објави денеска српскиот весник „Новости“.
Весникот посочува дека се работи за документи кои содржат државни тајни, сослушувања, сведочења на јавни и заштитени сведоци, извештаи за болести и смрт, пресуди, одлуки и други документи. Според некои проценки во Хаг има околу 10 милиони страници докменти за војната во поранешна Југославија, како и околу 1.300 артефакти односно куршуми, оружје, облека и други предмети. И Србија и Хрватска и БиХ оценуваат дека тоа ним им припаѓа.
„Новости“ наведува дека Србија очекува да и се врату целата документација доставена на Трибуналот, и истата да биде сместена во Народната библиотека или Собранието на Србија.
БиХ претходно побара да и се вратат над 400.000 документи од судските процеси, меѓу кои и речиси 100.000 доказни предмети.
Во Хрватска е предвидено да се формира информациски центар каде ќе бидат сместени документите од Трибуналот.
Хашкиот трибунал престанува со работа на 31 декември, а официјалната церемонија на затворање е предвидена за на 19 декември.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Николовски: Компресорската станица работи без прекин, клиниките можат да кажат зошто не работат хируршките сали
-
Најмногу слободни работни места во секторот Административни и помошни услужни дејности
-
Мицевски очекува да има двотретинско мнозинство за законските измени за реорганизација на министерствата
-
ГИК: СНС во Белград освои 52 отсо гласови, според ЦЕСИД и ИПСОС во Ниш го нема мнозинството
-
ЈП Комунална хигиена –Скопје за еден месец подигна 1800 кубни метри смет од диви депонии
-
Во 2023 година намален бројот на склучени, а зголемен на разведени бракови
-
Горивата поевтинуваат за половина денар по литар
-
Не помина ниту третиот кандидат за претседател на Уставниот суд