Новороденче со Ковид-19 во Грција приклучено на апарати, атинските болници повторно полни
Новороденче старо 24 дена, заразено со коронавирусот, од минатиот петок е хоспитализирано и приклучено на апарати во атинска болница, откри министерот за здравство на Грција Василис Кикиљас на денешната редовна прес конференција за ситуацијата со пандемијата во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.
-Мала невина душа се бори за живот, а лекарите прават се што можат и се надеваме дека се ќе биде во ред, рече Кикиљас.
Во Грција повторно е регистриран голем број нови случаи на Ковид-19, вкупно 1.913 од кои 869 се во областа Атика, поширокиот регион на Атина, каде што е и најголем притисокот врз здравствениот систем.
Кикиљас рече дека е исполнет 90 отсто од капацитетот во болниците во Атика, односно од 262 ковид кревети на Одделите за интензивна нега слободни се 27.
Во изминатите 24 часа од Ковид-19 во Грција починаа 28 лица, со што бројот на смртни случаи од почетокот на пандемијата се зголеми на 6.371.
Ново на Сител
-
Секоја година се намалува бројот на првачиња во општините од истокот
-
Доколку продолжи деградацијата на езерото ќе исчезнат ендемичните видови
-
Преглед на вестите од светот
-
Поднесени 18 приговори до ДИК, роковите течат
-
Течат роковите за приговори
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Полицијата го пронајде виновникот за пожарот на мостот „Беласица“: 37-годишникот е веќе во затвор
-
Се гради помалку, но 5 пати поскапо од лани