Македонија
22. November 2017 - 16:49

Новинарските здруженија ја обвинуваат владата за цензура со новиот Закон за медиуми

Актуелниот закон кој ги регулира медиумите е совршен пример за заробена држава сметаат новинарските и граѓански здруженија. Со регулативата се овозможува државата да има монопол на вистината. Новите измени воведуваат директна цензура и автоцензура кај новинарската фела.  Од ЗНМ со голем број забелешки на регулативата.  Побараа целосно укинување на казните за медиумите  во новиот предлог закон и побара државата да не се меша во регулација на приватните медиуму , туку да отави нивната програма да се креира  според вкусот на гледачите.

Во меѓувреме пак министерот Манчевски на новинарско прашање најави целосно бришење на членот 61 од законот за медиуми. По реакциите од медиумските работници начелата со кои се наметнуваше  цензура врз вестите  и целосна контрола, ќе бидат тргнати. Наспроти препораката на Прибе да не се брза со реформите во медиумскиот сектор, Манчевски  смета дека има доволно време да се слушнат потребите но дебатата не треба да трае до недоглед.

На ваквата најава, Селмани рече дека Манчевски кажал добра флоскула но Владата го прави спротивното на таквите заложби .