Нови закани од СДСМ до новинарите: Шилегов му се заканува на Латас со затвор
СДСМ продолжува со дрски и недолични навреди кон медиумите и новинарите кои не одработуваат за нив. Партискиот функционер Петре Шилегов кој воедно е и пратеник во македонското собрание, преку последниот статус објавен на својот facebook профил директно му се заканува на одговорниот уредник на Сител, медиум кој беше прогласен за еден од 5-те непријателски од страна на лидерот на СДСМ Зоран Заев.
„И да, господине ДПЛ. Karma is a bitch. Свесен си дека кругот врти и дека кој од каде почнал, таму завршува. Ти си почнал од казнено-поправни установи. Таму и ќе завршиш. И тука, веќе ти нема помош, пишува Шилегов.
Инаку за разлика од лидерот на СДСМ и струмички градоначалник кој подоцна беше аболициран од страна на Црвенковски, одговорниот уредник на Сител никогаш не престојувал во казнено поправна установа.
Ваквите коментари и закани кон долгогодишен новинар не би му доликувале никому, а најмалку на претставник на политичка партија која претендира да ја води државата. Истовремено ниту првиот човек на Заев одговорен за односи со јавност, Роберт Поповски не се огради од изјавата на својот претседател дека петте најголеми медиуми во земјава се и најголеми непријатели на СДСМ.
Партијата на Заев која декларативно се залага за слобода на медиуми во изминатиот период поднесе стотици тужби против медиуми и новинари, а деновиве иницираше и кривична одговорност за портали како Пресс 24, Република и Курир. Со ваквото однесување според познавачите, СДСМ директно придонесува за намалување на медиумските слободи и негативни извештаи за Република Македонија.
-
Деспина Тодоровска
Сите содржини од овој новинар