Новата година на Тони Михајловски му донесе снаа, на Биба Додева зет!
Од Новата 2017 поминаа само неколку дена, а веќе почнаа да стигнуваат убави вести. Така, веќе е извесно дека годинава ќе имаме две ѕвездени свадби, додуша две познати домашни фаци почнаа да честат зашто подмладокот реши да им "скокне во тавче".
Актерот Тони Михајловски стана свекор, а пејачката Биба Додева баба, всушност првиот си доби снашка, а Биба зет.
Снашката на Тони, за постариот син Александар, актер во подем, му е помлада колешка и доаѓа од Прилеп, па затоа под фотката од свршувачката се пошегувале - Од Прилеп метла не се зема, а не па жена. "Епа Александар мисли му ја...", се пошегувала невестата Димитрина т.е. снашката на Тони.
И зетот на Биба е увозен, ама од малку подалеку. Имено, ќерката на Биба, Емануела му кажа ДА на Португалецот Хумберто. А дека и на баба Биба по мерак и се и зетот и сваќата доволно зборуваат насмевките кои зрачат од фотките направени во Португалија. Бабата и невестата заминале на запознавање, шетање и дегустација на тамошните деликатеси. Деталите околу свадбата засега се чуваат во тајност.
Епа баба Биба и свекре Тони ајде за убаво нека е и да се вечни младите.
Ново на Сител
-
Пожарникари од Радовиш цела ноќ гаснеле опожарена дабова шума, пожарот се уште активен
-
Во Битола пронајдени 1408 пушки од балканските војни
-
Најстудено утрово во Лазарополе
-
Хоспитализирани уште три лица со голема кашлица, вкупно 631 заразени
-
Бостон прв финалист во НБА плејофот
-
Денеска ќе се одржи Конститутивна седница на парламентарниот состав 2024-2028
-
135 сообраќајни санкции во Скопје
-
Повеќе од 20 лица загинаа во големите бури во САД – 300 илјади луѓе останаа без струја