-->
-->
Нов пораз на македонските ракометарки од Србија
-->
Женската ракометна репрезентација на Македонија по втор пат е совладана од Србија во контролен пријателски натпревар. Во рамките на „неделата на ЕХФ“, која се користи за контролни натпревари избраничките на Симе Симовски двапати се поразени од соодветната селекција на Србија. Откако вчера загубија со 35:29, денеска црвено-жолтите се поразени со 27:43 во натпреварот кој се одигра во СЦ „Јане Сандански“.
Овие две средби треба да послужат за проверка на формата на нашата репрезентација пред бараж средбите со Шведска кои ќе се одиграат во јуни, а за пласман на Светското првенство во Германија.
Вечерва пак, младата селекција на Македонија до 19 години ќе го одигра вториот натпревар во квалификациите за ЕП во Словенија. Во терминот од 19 часот и 30 минути во СРЦ „Кале“ во Скопје, младите македонски ракометарки ќе играат против Молдавија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Зеленски и ја честита победата на Сиљановска-Давкова
-
Сплит: Вработена му помогнала на муштерија да хакира машина за игри на среќа
-
Повлечени 104.000 пакувања леб во Јапонија откако во две биле пронајдени траги од глувци
-
Земјотрес во Србија
-
Најмногу дожд на Попова Шапка во изминатите 24 часа
-
Герасимовски: Лицата со попреченост ќе може да користат бесплатен превоз до болница
-
Најчестите знаци на прекумерно внесување шеќер
-
Избрани останатите 10 финалисти на Евровизија