Кошарка
6. October 2016 - 19:18

Нов дебакл на МЗТ Скопје, трет пораз во АБА лигата

 
 
 Македонскиот шампион МЗТ Скопје Аеродром го претрпе и третиот пораз во регионалната кошаркарска АБА лига.
 
По дебаклите со Црвена Звезда во Белград и Партизан во Скопје, екипата на МЗТ Скопје го загуби и натпреварот од 3.коло одигран попладнево во Загреб, каде беа совладани од Цедевита убедливо со 82-61 по четвртини: 25:18, 13:14, 18:16 и 26:13.
 
Кај победничката екипа четворица кошаркари средбата ја завршија со двоцифрен број на поени, а најмногу 21 постигна Миро Билан. 
 
Во редовите на „аеродромци“ само Чарлон Клоф со 16 и македонскиот репрезентативец Марко Симоновски со 15 поени имаа двоцифрен број на поени. 
 
Веќе во недела МЗТ Скопје го очекува нов натпревар и против втората загрепска екипа, Цибона, која гостува во Скопје. 
 
А, утре, вториот македонскиот претставник во АБА, Карпош Соколи, ќе се обиде да ја оствари првата победа во својата дебитантска сезона и тоа на гостувањето во Црна Гора кај Морнар.