Ракомет
15. October 2015 - 13:14

РК Вардар ги пушти во продажба влезниците за дуелот против Киелце

 
РК Вардар ги пушти во продажба билетите за натпреварот против Киелце во Лигата на шампионите кој ќе се игра на 24 октомври, од 17:30 часот во СЦ Јане Сандански во Скопје.
 
Продажбата на билети ќе се одвива на билетарницата на СЦ  „Јане Сандански", од 10 до 18 часот, и онлајн, на ticketplus.mk.
 
Цените на билетитe:
 
Стоење – 150 денари
 
Трибини 1, 2, 9  – 300 денари
 
Трибини А1/Б1 – 250 денари
 
Централни трибини – 400 денари
 
 
Црвено-црните претходно (недела) гостуваат во Данска, кај екипата на Колдинг која досега нема освоено нити еден бод во натпреварите од Б групата, во која Вардар е неприкосновен со максимално 8 бодови по четири одиграни кола, а воедно и единствениот тим со максимален број на победи во елитното натпреварување.