-->
-->
Никола Маџиров на книжевен фестивал во Мумбаи
-->
Поетот Никола Маџиров учествува на меѓународниот книжевен фестивал „Тајмс Лифест“ во Мумбаи во Индија, организиран од влијателниот весник „Тајмс“.
Темата на фестивалот е „Покорениот израз”, а учествуваат прозаисти, публицисти и поети од сите континенти. Маџиров учествува на настанот „Незамолчени гласови - Поетите и протестот”.
Поезијата на Маџиров е преведена и објавувана на хинди, малајалам, тамил и други индиски јазици. Хинди дневниот весник „Џансата“ во Индија ја објави поезијата на Маџиров на хинди јазик, а индискиот магазин за култура и политика, „Караван” испечати стихови на Маџиров, нарекувајќи го „македонски поет - неопходен глас на нашето книжевно доба”.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Од идната недела уште повисоки температури, на некои места и до 40 степени
-
Захарова: САД нема да можат да ја избегнат одговорноста за нападите врз Русија со американско оружје
-
Решенијата за проблемите во АД Пошта се бараат со помирувач определен од МТСП
-
Собранието ја почна втората седница
-
Додека јадела ја тепал па ја задушил, внук ја убил својата баба
-
Гаши се поправи: Мојата татковина е Северна Македонија
-
Бајден денеска во Париз ќе се сретне со Зеленски
-
Приведен Косовец за поткуп на Долно Блаце