Македонија
5. December 2015 - 11:44

Никола Маџиров на книжевен фестивал во Мумбаи

Поетот Никола Маџиров учествува на меѓународниот книжевен фестивал „Тајмс Лифест“ во Мумбаи во Индија, организиран од влијателниот весник „Тајмс“.

Темата на фестивалот е „Покорениот израз”, а учествуваат прозаисти, публицисти и поети од сите континенти. Маџиров учествува на настанот „Незамолчени гласови - Поетите и протестот”.

Поезијата на Маџиров е преведена и објавувана на хинди, малајалам, тамил и други индиски јазици. Хинди дневниот весник „Џансата“ во Индија ја објави поезијата на Маџиров на хинди јазик, а индискиот магазин за култура и политика, „Караван” испечати стихови на Маџиров, нарекувајќи го „македонски поет - неопходен глас на нашето книжевно доба”.