-->
-->
„Неутрални Руси“ на ЗОИ во Пјонгчанг
-->
Олимпискиот комитет на Русија и формално им дозволи на своите спортисти да настапат на Зимските олимписки игри во Пјонгчанг како неутрални натпреварувачи.
„Едногласно е мислењето дека нашите спортисти треба да одат во Јужна Кореја, да се натпреваруваат и победуваат“, рекол првиот човек на Олимпискиот комитет на Русија, Александар Жуков.
Интернационалниот олимписки комитет минатата недела го суспендира Олимпискиот комитет на Русија од Олимпијадата во Пјонгчанг. Русите се суспендирани поради доказите за систематскиот допинг на Игрите во Сочи во 2014 година.
Сепак, на руските спортисти им е дозволено да учествуваат на Зимската олимпијада, но како неутрални натпреварувачи под името „Олимпијци од Русија“, но тие не смеат да ги користат државното знаме и химна.
И рускиот претседател Владимир Путин потврди дека неговата влада ќе им дозволи на спортистите, како неутрални, да настапат во Пјонгчанг.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
ВМРО-ДПМНЕ и Вреди се поблиску до владина коалиција
-
Продолжува претседателската кампања
-
Продолжува парламентарната кампања
-
Детектор: Близу 60% од граѓаните ќе гласаат на изборите - кампањата не влијаела на нивната одлука
-
23 години од масакрот кај Вејце
-
Приватните специјализанти освен повисоки плати и здравствено осигурување бараат и системски решенија
-
Транспортерите од Западен Балкан чекаат по 10 часа на граница за влез во Унијата