-->
-->
„Нетфликс“ цел на хакерски напад
-->
Хакер, кој делува под името „Дарк оверлорд", тврди дека ја украл цела наредна сезона од популарната ТВ серија „Портокаловото е ново црно" на телевизиската станица „Нетфликс" и бара откуп за да на ја објави на интернет.
Хакерот притоа ја објави првата епизода на интернет страница за нелегална размена на интернет содржини.
„Нетфликс" потврди дека нивната соработничка продукциска куќа „Лос Гатос" била цел на хакерски упад. Од „Лос Гатос" соопштија дека ФБИ веќе поведе истрага.
Висината на откупот засега не се открива.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена