Нетанјаху очекува многу други држави да ја следат примерот на САД
Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска изјави дека очекува многу држави да го следат американскиот пример и да ги преместат своите дипломатски претставништва во „израелскиот главен град Ерусалим“.
Според Нетанјаху, може да се случи некои држави да ги преместат своите амбасади од Тел Авив во Ерусалим, дури и пред САД, на кои ќе им бидат потребни години да изградат соодветно седишти на новното дипломатско претставништво.
Одлуката на Трамп да го признае Ерусалим како главен град на Израел и да ја премести амбасадата од Тел Авив во овој град наиде на негативни реакции, при што доби остри критики од Европската унија, Велика Британија, Русија, Кина, Канада и од муслиманските земји.
- Претседателот Трамп засекогаш ќе има место во историјата на нашиот главен град. Неговото име гордо ќе стои покрај другите имиња поврзани со славната историја на нашиот град, изјави Нетанјаху.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ демантира дека разговара за ресори и поделба на власта со „Вреди“
-
ЕУ: Очекуваме соработка со претседателката на Македонија
-
Србија испраќа хуманитарна помош за Газа
-
Бојан Миовски номиниран за фудбалер на годината во Шкотска
-
Излета автомобил од патот Куманово – Скопје, едно лице тешко повредено
-
Драма во Скопје: Претепал жена, а потоа бил агресивен кон полицијата
-
Исчезна Турчинка која престојувала во хотел во Скопје
-
Избувна пожар во куќа во Пласница, зафатена и соседната куќа