Фудбал
16. July 2015 - 19:59

Несреќен пораз на Работнички на гостувањето кај Јелгава

Фудбалерите на Работнички се поразени со 1:0 од Јелгава во првиот меч од 2-то квалификациско коло за Лига Европа.

Иако „Романтичарите’’ беа оние кои ја контролираа играта и беа поконкретни во текот на целиот меч, сепак едно мало невнимание ги чинеше пораз.
 
Така на три минути пред крајот на средбата (87), заспаноста на одбраната на Работнички по уфрлениот аут од левата страна ја искористи Кјушкинс кој и донесе победа на летонската екипа од еден гол.
 
Сепак, прикажаното на овој меч влева надеж дека „Романтичарите’’ како и во првото коло, ќе може да ја надополнат негативата и да минат во следната рунда.
 
Реванш дуелот ќе се игра следниот четврток (23 јули) на арената „Филип Втори’’ во Скопје со почеток од 20 часот.