Неколкумина повредени кога автомобил удри во група луѓе на тротоар во Лондон
Неколку лица се повредени попладнево кога автомобил удри во група луѓе на тротоарот пред Природонаучниот музеј во Лондон, соопшти лондонската полиција, додавајќи дека случајот не претставува терористички чин.
Во соопштението се посочува дека полицијата во 14.21 часот по локално време (15.21 по средноевропско време) била известена за „судар“ пред Музјеот, што се наоѓа во Јужен Кенсингтон во центарот на Лондон.
- Се верува дека се повредени одреден број пешаци. Во тек е истрага за утврдување на околностите и причините за инцидентот, соопшти полицијата, додавајќи дека во врска со настанот е приведено едно лице.
Полицаец прустен на местото во време на инцидентот за Би-Би-Си изјави дека верува оти пешаците минале со „минорни“ повреди.
Британскиот јавен сервис информира дека веднаш по инцидентот пред Музејот пристигнале поголем број полициски и амбулантни возила и вооружени полицајци, а реонот го надлетувал и хеликотер.
Телевизјата Скај пак прикажа аматерска снимка на која се гледа како група полицајци држат легнат на земја црномурест маж, покрај црн автомобил марка „Тојота“.
Според телевизјата, станува збор за возачот, кој со автомобилот преминал на тротоарот и откако удрил во неколку лица, застанал пред зградата на музејот. Телевизијата нагласува дека „станува збор за обичен инцидент“.
Претставник на Музјеот соопшти дека објектот е затворен и никому не му е дозволено да влезе во него, додека лицата што се затекнати во зградата ја напуштаат преку споредните излези.
Природонаучниот музеј е една од најпопуларните туристички атракции во Лондон.
Ново на Сител
-
Кисела Вода ги дигитализира услугите
-
Управниот суд одлучува по решенијата на ДИК
-
Османи во Стразбур лобираше за Косово
-
Првиот македонски зачин доаѓа од мермерните градини во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник