-->
-->
НБА: Прв триумф за Коби и „лејкерси“
-->
Екипата на Лос Анџелес Лејкерс ја постигна првата победа сезонава во НБА лигата откако ноќеска славеше на теренот на Бруклин со 104:98. Нивниот ривал (Бруклин) заедно со екипите на Филаделфија и на Њу Орлеанс се единствените екипи кои сеуште немаат победа.
Шампионот Голден Стејт остана единствената непоразена екипа, а нивниот прв играч Стеф Кари ја предводеше екипата до нова победа над Денвер откако постигна осум тројки со 34 поени. Првиот пораз ноќеска го „забележа“ Торното кој загуби на гостувањето кај Орландо.
Резултати на ноќеска одиграните дуели:
Орландо – Торонто 92:87,
Бостон – Вашингтон 118:98,
Бруклин – Лос Анџелес Лејкерс 98:104,
Кливленд – Филаделфија 108:102,
Њујорк – Милвоки 92:99,
Индијана – Мајами 90:87,
Њу Орлеанс – Атланта 115:121,
Феникс – Детроит 92:100,
Голден Стејт – Денвер 119:104 и
Сакраменто – Хјустон 110:116.
Вечерва се играат девет натпревари.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници
-
Преглед на вестите од светот
-
Последен ден од кампањата - Партиите и коалициите со завршни митинзи
-
Над 200 болни и 203 затвореници утре ќе гласаат во Штип