Свет
17. November 2016 - 9:53

Научник од НАСА најави оставка доколку Трамп ги отфрли истражувањата за климатските промени

Директорот на Институтот на НАСА за вселенски студии, Гавин Шмит најави дека би можел да поднесе оставка доколку новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ги отфрли истражувањата во врска со климатските промени, пишува британскиот весник „Индепендент“.

Шмит истакна дека Трамп не е во право доколку смета дека тие промени не се случуваат.

Трамп претходно го опиша глобалното затоплување како „измама“ и нагласи дека ќе го отфрли договорот од Париз.

Шмит на Твитер објави графикон кој покажува дека минатиот месец бил втор најтопол октомври досега, поставувајќи ја 2016 на пат кој означува дека ова ќе биде најтоплата година.