Научници: Месечината може да влијае на земјотресите
Земјотресите често се случуваат кога има полна или млада Месечина, оценија научниците во студијата објавена во новиот број на списанието „Нејчер џиосајенс“.
Јапонски научници го истражуваа влијанието на плимата на сеизмичките актиности оценувајќи дека тоа би можело да помогне во проценката на ризикот од земјотреси.
Во студијата се наведува дека не треба да се занемари влијанието на Месечината и Сонцето, како ни Земјината гравитација во случај на потенцијални потреси.
- Ние утврдивме дека постои врска меѓу плима и осека за зачестеноста и интензитетот на земјотресите, изјави научникот Сатоши Иде од Универзитетот во Токио.
Иде рече дека некои најголеми земјотреси во последните 20 годни се случиле за време на плима.
Научниците направиле листа од најсилните земјотреси кои се случиле за време на плима и осека, вклучувајќи го земјотресот на индонезискиот остров Суматра на 26 декември 2004 година во кое настрадале 220.000 луѓе, како и оној во Чиле во 2010 година во кој загинаа повеќе од 520 лица.
Ново на Сител
-
Хотелиерите очекуваат одлична туристичка сезона, исполнетоста за празниците повеќе од половина
-
Одбележување на Меѓународниот ден на трудот ширум светот
-
Денеска е Велика среда
-
ЦУК апелира до граѓаните на внимателност при палење оган на отворено
-
Меѓународниот ден на трудот ќе се одбележи со првомајски протест
-
Една недела до одржување на изборите, партиите продолжуваат со предизборните активности
-
Зградата на ЕК осветлена во чест на 20-годишнината од големото проширување на ЕУ
-
Првомајски штрајк и протести во Грција