Наше театарче - веб-страница за театарската уметност
Рецензии и податоци за претстави, интервјуа со актери, режисери, драмски автори, историјати на професионалните театри во Македонија, но и содржини за познати театарски куќи од светот, како и други информации од сценската уметност ќе содржи веб-страницата Наше театарче.
Официјално ќе биде промовирана на 21 ноември од 16 часот во центарот „Јавна соба“. Сајтот го креираа и ќе го ажурираат новинарот и театарски рецензент Борче Грозданов и неговата сопруга, писателката Катерина Грозданова.
- Веб-страницата ќе се занимава само и исклучиво со театар, односно во 90 проценти па и повеќе со македонскиот театар. Бидејќи сме први во електронскиот медиум кој во центарот го има македонскиот театар очекуваме театарските вљубеници да не посетуваат, а со тоа да имаме од 20.000 до 50.000 клика дневно. Нашата претензија не е да бидеме „голем сајт", но идејата е нашите театарски писма да бидат насладување на сладокусците, како и за сите оние кои се или биле потенцијални и веќе „видени" гледачи во Театарот, наведуваат креаторите на веб-страницата.
Тие ги повикуваат сите кои сакаат да се придружат во интеракција и соработка да им пишуваат на електронската адреса: teatarce@gmail.com.
Ново на Сител
-
ВМРО-ДПМНЕ: 13-ти ден не работат операционите сали на Хиругија, СДС и ДУИ го оставаат здравството во хаос
-
Економски форум „По бурата: Управување со прехранбената и енергетската стабилност во Западниот Балкан“
-
Трета меѓународна конференција за унапредување на безбедноста во сообраќајот
-
Интензивни подготовки за матурски испит на средношколците во Штип
-
Без субвенции од општината, јавните претпријатија не можат да функционираат
-
Преглед на вестите од светот
-
Дали Управниот суд ќе стави официјален крај на изборите?
-
Tема на денот со Лилија Чолакова Дервишова, претседател на ЗПЛРМ