Нападнат американскиот сенатор Ренд Пол
Американскиот републикански сентор Ренд Пол беше нападнат пред неговата куќа во Кентаки, при што се здобил со полесни телесни повреди, соопшти локалната полиција.
Во полициското соопштение се наведува дека сенаторот бил нападнат од 59-годишниот Рене Бушер, кој е уапсен. Според полицијата, Пол никогаш претходно не го сретнал Бушер.
Мотивите за нападот засега не се познати, а истрагата за случајот ја спорведува Федералното истражно биро (ФБИ).
Портпаролопт на Пол, Келси Купер, од своја страна соопшти дека сенаторот е „добро“ и дека бил нападнат од зад грб. - Немаме никакви информации зошто е нападнат, додаде Купер.
Пол беше еден од претендентите за републикански претседателски кандидат за ланските избори во САД, но се повлече од трката по слабите резултатите на првите неколку прелиминарни гласања на републиканците.
Ново на Сител
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи
-
Мицкоски и Таравари разговарале за принципите за идно коалицирање и заедничка соработка
-
Уапсени во Косово маж и жена, руски државјани, влегле од Србија без визи