Бизнис
15. February 2017 - 17:36

Намалена работата на македонските градежници во странство

Вкупната вредност на договорените градежни работи во странство во периодот јануари-декември минатата година изнесувала 2.780.107.000 денари, што е за 26,9 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година. 

Како што објави денеска Државниот завод за статистика, во периодот јануари-декември градежната оператива од Македонија во странство извршила градежни работи во вкупна вредност од 2.395.517.000 денари, што е за 19,4 проценти помалку во споредба со истиот период од претходната година.

Во истиот период е забележан зголемен обем на извршените градежни работи во Словенија, Босна и  Херцеговина и Германија, додека на другите пазари е регистриран намален обем.