Свет
19. September 2017 - 12:24

Најмалку три лица загинаа во самоубиствен напад во Тикрит

 

- Три лица загинаа, а 11 се повредени денеска при напад извршен од бомбаш-самоубиец во ирачкиот град Тикрит, соопштија безбедносните сили.

Нападот бил извршен во близина на еден ресторан во градот. Тикрит се наоѓа на околу 170 километри северно од Багдад.

Џихадистичката група Исламска држава ги интензивираше нападите во неколку делови на Ирак поради нејзините неуспеси кои ги забележа од ирачките безбедносни сили, поддржани од САД