Најмалку 235 загинати и 109 повредени при напад врз џамија во Египет
Најмалку 235 лица денеска загинаа при експлозијата на бомба во близина на џамијата Ал Раудах на египетскиот проблематичен северен полуостров Синај, јави Би-Би-Си.
Во нападот се повредени најмалку 109 лица.
Владата прогласи тридневна жалост, јави египетската државна агенција Мена.
Експлозијата, како што јавуваат локалните медиуми, се случила за време на пладневните молитви, а четворица непознати напаѓачи потоа отвориле оган кон верниците што ја напуштале џамијата. Портпаролот на Министерството за здравство Калед Муџахид изјави дека екстремистите ја детонирале бомбата за време на нападот.
Во сите болници е прогласена вонредна состојба. Армијата и полицијата ја претресуваат целата област.
Претседателот на Египет Абдел Фатах Ал Сиси свика итен состанок на безбедносните служби.
Министерството за внатрешни работи формира специјална комисија за истражување на бомбашките напади и објави вонредна состојба во главниот град Каиро. Полицијата ги чува сите државни институции и објекти од јавен интерес.
Досега ниту една египетска екстремистичка група не презеде одговорност за нападот.
Ново на Сител
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука
-
ДИК се пожали на притисоци, членовите стравуваат за сигурноста