-->
-->
Најмалку 20 загинати при експлозија на сириско-турската граница
-->
Најмалку 20 лица, воглавно сириски бунтовници, загинаа денеска при експлозија на автомобил-бомба во близина на граничниот премин Баб ал Салама на границата на Сирија кон Турција.
Според бунтовнички извори, при нападот се повредени десет лица, кои се пренесени во болница.
Бомбата експлодирала во близина на контролниот пункт на борци на бунтовничката група Џабхат ал Шами, која е дел од Слободната сириска армија.
Низ преминот Баб ал Салама, во чија близина е извршен нападот, е главната врска меѓу деловите во северна Сирија под контрола на буновниците и Турција.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Тема на денот со Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Македонија одбележува 121 година од смртта на Гоце Делчев
-
Велика сабота - ден пред Велигден
-
Димитар Апасиев за изборната програма и ветувањата на Левица
-
Велигденската трпеза годинава поскапа од лани
-
Охрид полн со гости