Свет
1. May 2017 - 10:09

Најмалку 14 загинати во торнада и поплави во САД

Најмалку 14 лица загинаа во торнада и поплави во јужните делови на централниот Запад на САД кои беа зафатени од невреме, а кое донесе и невообична за периодов, снежна виулица во Западен Канзас, пренесоа американските медиуми.

Неколку лица се сметаат за исчезнати.

Лошото време ги погоди државите Тексас, Мисури, Мисисипи, Арканзас, Алабама, Оклахома и Луизијана. Најтешко се погодени источните делови на Тексас, каде загинаа четири лица, а над 50 беа повредени. Торнадото уништи се пред себе во регионот со должина 56 километри и ширина 24 километри.

Штетите се огромни.