Најави од Нетфликс: Се снима нов ситком со Мајкл Даглас
Нетфликс најави свој голем проект – ситком серијата „The Kominsky Method” во која ќе глумат Мајкл Даглас и Алан Аркин.
„The Kominsky Method” ќе има 10 епизоди од по 30 минути, кои ќе го прикажуваат животот на Сенди Комински (Мајкл Даглас), поранешен глумец кој некогаш бил славен за кусо време, а сега е ценет холивудски професор по глума. Алан Аркин ќе го глуми неговиот агент.
На Мајкл Даглас ова ќе му биде прва телевизиска улога по 40 години. Последната серија во која глумел била „The Streets of San Francisco” прикажувана во 70-тите години. Сценариото, заедно со Даглас, го потпишува Чак Лоре, автор на „Теорија за големата експлозија” и „Два и пол мажи”.
Освен тоа, од Нетфликс најавија дека тие ќе ја емитуваат новата вестерн серија за браќата Коен, но и дека од пензија го извлекле Дејвид Летерман. Продолжуваат со најави за нови големи проекти.
Ново на Сител
-
Кисела Вода ги дигитализира услугите
-
Управниот суд одлучува по решенијата на ДИК
-
Османи во Стразбур лобираше за Косово
-
Првиот македонски зачин доаѓа од мермерните градини во Прилеп
-
Преглед на вестите од светот
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник