Над 500 барања за користење бесплатен одмор, рокот до 31 октомври
Над 500 граѓани изразиле интерес за користење на владината мерка за бесплатен одмор за работници со ниски приходи. Крајниот рок за пријавување на заинтересираните е продолжен до крајот на овој месец.
Бесплатниот одмор, според информациите од Министерството за економија, ќе може да се реализира во сите туристички центри во земјава, со оглед на тоа што се пријавени над 60 хотели за сместување на лицата кои ќе користат бесплатен одмор.
Според средствата што се обезбедени за оваа намена се проценува дека бесплатен одмор ќе може да користат 4.000 семејства.
Корисниците ќе добијат опотврда од Министерството за економија за користење средства за организиран одмор за работници со ниски приходи во износ од 15000 денари и таа ќе се користи во еден од категоризираните угостителски објекти за сместување во РМ кои се пријавени во Министесрството за економија.
Јавниот повик е објавен на 1 септември годинава. Право на учество имаат сите фисички лица кои се вработени и нивните месечни примања во семејството не ги надминуваат нето приходите од 22.000 денари.
Целта на овој проект е да им се овозможи на лицата со ниски приходи да искористат годишен одмор и во исто време да им се помогне на туристичките центри во зголемување на обемот на работа надвор од туристичка сезона.
Ново на Сител
-
Пропаднаа два обиди да се избере претседател на Уставниот суд
-
ДИК: Завршија парламентарните избори, Азизи нов пратеник на местото на Касами
-
Велосипедист удрил дете и избегал, девојчето тешко повредено
-
Хорор во Белград: Го извадил черепот на татко си од гробница и го чувал во плакарот
-
Кремљ: НАТО ја провоцира Украина да го продолжи конфликтот
-
Спречен шверц на поголема количина производи за широка потрошувачка од Косово кон Македонија
-
ДУИ: Волјата на албанскиот народ не е играчка што припаѓа на ВМРО-ДПНЕ
-
Груевски: Откако СДСМ ги загуби изборите монструмот Добрила Кацарска во обид да се прикаже како жртва