Над 300.000 мигарнти досега влегоа во Макеоднија, како е денес
Приливот на мигранти кои транзитирааат низ македонска територија продолжува. И понатаму по неколку илјади луѓе дневно од Грција влегуваат во Македонија, а по краткиот престој во прифатниот центар во Гевгелија каде се врши нивната регистрација го продлжуваат патот кон земјите на европската унија. Само во последното денонокие МВР има издадено нови 2243 потврди на странски државјани за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил. Ги има од сите возрасти, а според државјанството сиријците и понатаму се најбројни.
-Доаѓам од Сирија и планирам да отидам во Шведска, таму е моето семејство. Слушнавме дека има засилени контроли на некои граници, но се надеваме дека Хрватска ќе биде отворена и ќе може да продолжиме понатаму, Вели мигрант од Сирија
-Во мојата земја има војна и воопшто не е добро за луѓето таму затоа планирам да отидам во Германија, одиме кај нашите семејства, вели друг мигрант од Сирија
Прифатниот центар во Гевгелија вчера го посети и еврокомесарот Јоханес Хан кој изрази задоволство од организацијата на центарот и начинот на кој Македонија досега се справува со бегалската криза. Хан најави дека е крајно време да и се помогне на државата и затоа од утре европската комија ќе испрати тим кој заедно со македонски експерти ќе прават проценка на состојбата и ќе ги утврдувааат потребите од опрема, човечки ресурси и финансиска помош кои и се неопходни на државата за да може што подобро да се справи со оваа ситуација.
-
Зоран Ѓоргиев
Сите содржини од овој новинар