-->
-->
На Табановце приведен скопјанец осомничен за криумчарење мигранти
-->
Полицијата на граничниот премин Табановце на излез од Република Македонја синоќа во 22.15 часот ги привела турските државјани Г.Б.(36) и две малолетни лица од девет и 11 години, кои на пасошка контрола приложиле туѓи патни исправи.
Како што соопшти МВР, на граничниот премин тие пристигнале со возило „ауди А4“ со скопски регистарски ознаки управувано од Г.С.(44) од Скопје. Г.С. е проведен заедно со Г.Б., зашто е осомничен дека вршел криумчарење мигранти.
Со потврда за привремено одземени предмети, од Г.Б. се одземени три македонски патни исправи, а од Г.С. возилото, сообраќајна дозвола, клуч за стартување и 900 евра во апоени од 200 евра и 50 евра.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Одбележување на 5 Maj - Денот на македонскиот јазик
-
Православните верници го слават Велигден
-
ЦУК: Имаше пожар во Домот за стари лица во Банско
-
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
-
Италија ја исклучи можноста за воена интервенција во Украина
-
Русија распиша потерница и за командантот на копнените сили на Украина, Пављук
-
Шолц го осуди нападот врз европратеник од германската Социјалдемократска партија
-
Состојба на патиштата