-->
-->
А на „Маракана“ молк…, вака „Делиите“ му одадоа последна почит на Небојша Глоговац
-->
Европската фудбалска федерација (УЕФА) не ѝ дозволи на Црвена Звезда да има минута молчење на дуелот против ЦСКА Москва, во Лигата на Европа, за смртта на глумецот Небојша Глоговац. Познатиот актер кој почина на 49 години, бепе голем навивач на „црвено-белите“.
Иако поминаа повеќе денови од неговата смрт, во Звезда не заборавија да го испратат како што треба од „Маракана“. Пред дуелот со Јавор, во домашното првенство, имаше минута молчење, во чест на Глоговац.
И навивачите на „Север“ не го заборавија глумецот. Истакнаа транспарент „А на Маракана молк…“, што асоцира на легендарната реченица на Глоговац „А во Лондон молк“, кога во филмот „Муња“ го опишуваше голот на Душан Савиќ против Арсенал.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Се гласа за Српската влада
-
Тема на денот со Иван Пешевски, ССМ
-
Масовен протест за 1 Мај: Синдикатите побараа 450 евра минимална плата од новата влада
-
Работниците креваат глас
-
Првомајската традиција продолжува
-
Охрид полн со туристи за 1 Мај
-
Експерти: Екстрадицијата на Палевски треба да се прави во најголема тајност
-
Студен туш за барањата на Максим Димитриевски - за него пак, ароганцијата на СДСМ е ненадминлива