Македонија
21. July 2017 - 14:41

На Американците ќе им биде забрането да патуваат во Северна Кореја

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп ќе им забрани на американски државјани да патуваат во Северна Кореја. Одлката е донесена по смртта на студентот Ото Вормбир кој почина откако падна во кома во севернокорејски затвор, изјавија американски официјални лица.

Тие тврдат дека државниот секретар Рекс Тилерсон е одлучен да го примени „географското ограничување за патувања“ во Северна Кореја што значи дека влез во таа држава со американски пасош би бил илегален.

Според нив, ограничувањето ќе стапи на сила 30 дена по објавување во Службен весник на САД, но не е прецизирано кога тоа ќе се случи. Официјалните лица зборуваа анонимно бидејќи немаат дозвола да зборуваат за одлуката пред нејзино објавување, наведуваат американски медиуми.