-->
-->
МВР со детали за сообраќајката во која загина 24-годишна девојка од Скопје
-->
Трагедија синоќа го зави Скопје во црно кога во 16 часот и 45минути на регионалниот пат Скопје – Велес, во населбата „Гоце Делчев“, млад живот згасна во сообраќајка. Според податоците кои денеска ги објави МВР, се случила сообраќајна незгода помеѓу возило „Пежо Партнер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 24-годишната Д.П. од селото Јурумлери која удрила во автобус „Лаз“ со скопски регистарски ознаки, управуван од страна на 32-годишниот скопјанец Т.П..
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила девојката која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Ургентен центар Скопје. И покрај напорите на лекарите, таа во 18 часот и 20 минути починала.
Увид на местото на настанот извршила екипа од полицијата. По наредба на Јавен обвинител на местото излегол обдуцент од институтот за судска медицина.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Преглед на вестите од светот
-
Управниот суд одби 3 жалби на Европскиот фронт - вечерва одлучува по уште 4 жалби
-
Во Скопје почна одбележување 50 години од формирањето Француски институт во Македонија
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Управен суд одби една од тужбите на Европски фронт, за другите одлучува
-
Зафировски: Зборувањето е лесно, треба да се сработи, за да оди државата напред
-
Тинекс одбележа 30 години постоење
-
Управен пред одлука