Муцунски: МВР да се извини, приведувањето на Николовски потврдува дека Македонија има изгубено демократски компас
Градоначалникот на општина Аеродром и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски, се огласи со став по вчерашното приведување на младиот Никола Николовски во врска со дојавите за бомби во средните училишта во Скопје.
-Синоќешното приведување на Никола Николовски уште еднаш ја потврдува жалната констатација дека Македонија целосно го има изгубено демократскиот компас. Дополнително, приведувањето на Никола пушта уште еден загрижувачки сигнал, дека ако си млад, воспитан, едуциран, успешен и слободоумен, тогаш демнее и опасноста да бидеш урнат, поттиснат, навреден и замолчен.
Фактот што некој пуштил порака од наводен е-маил на Николовски, во кој бил содржан и неговиот телефонски број е логична индиција дека некој се обидел да го намести. Дополнително, непостоењето на форензички доказ кој упатува на него, исто така би бил логичен индикатор кој упатува на противправно дејствие сторено од некое друго лице. И покрај наведеното, синоќа над 10 часа беше држано 23 годишно младо, невино и перспективно лице, беше извршен претрес на неговиот дом и се наруши достоинството и честа на еден наш граѓанин и едно македонско семејство.
Утре Никола може да биде секој еден од нас и затоа ова треба да биде уште една научена лекција упатена да оние кои владеат, да престанат да конструираат случаи кои не постојат и кои се спротивставени со здравата логика. Правдата колку и споро да доаѓа во нашата татковина таа секогаш излегува на виделина.
После овој немил настан очекувано е МВР да се извини на цела македонска јавност, истовремено да се фати со сериозна стручна работа и конечно да ги разоткрие вистинските сторители на ова дело кое создава немир кај учениците и сите наши граѓани. - пишува Муцунски.
Ново на Сител
-
Коалицијата „Европски фронт“ поднела тужба пред Управниот суд на решението на ДИК за прегласувањето во Желино
-
Македонските иселеници од Италија благодарни за честа искажана од претседателката Сиљановска Давкова
-
Претрес во Скопје, приведени двајца дилери
-
Мицотакис: Очекувам јасна изјава од новиот премиер дека името е Северна Македонија и ќе го користи во и вон земјата
-
Папата употребил навредлив термин за геј популацијата, Ватикан експресно се извини
-
Царинска управа на Србија: На преминот Прешево спречен шверц на черепи на девет дивокози и од волк
-
Средба на Мицкоски со Мануел Сарацин, потенцирана важноста за реформските процеси
-
Албанските медиуми: Африм Гаши нов претседател на Собранието на Северна Македонија, поддржан од победничката ВМРО-ДПМНЕ