-->
-->
Молдавскиот претседател може времено да биде отстранет од должност, поради неназначување министер
-->
Молдавскиот Уставен суд соопшти дека претседателот Игор Додон може времено да биде отстранет од должност поради тоа што не назначил министер.
Судот вчера објави дека Додон може да биде лишен од обврските поради „неизвршување на своите должности според Уставот“.
Молдавскиот претседател го оквалификува тоа решение како „груба злоупотреба“ на Судот и се закани со улични протести.
Во септември премиерот Павел Филип во два наврата го предложи Еуген Стурза за министер за одбрана, но Додон не сакаше да го назначи.
Молдавскиот претседател не сакаше да ја прифати кандидатурата со образложение дека Стурза не е од Армијата.
Молдавија нема министер за одбрана од 2016 година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Иран ќе гради ѕид на границата со Авганистан
-
Калињак: Словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност
-
Две лица го загубија животот, а пет се водат за исчезнати во судар на крузер и чамец на Дунав кај Будимпешта
-
Државјанин на Северна Македонија со „богато“ криминално досие во Грција, уапсен за кражба во дом на Пелопонез
-
Пет лица загинаа, а најмалку 15 се ранети во рускиот напад врз областа Харков
-
Судот во Лондон утре ќе одлучува за екстрадицијата на Асанж во Америка
-
Герапетритис: Граѓаните на Северна Македонија не би сакале да се стават во опасност односите со Грција и ЕУ перспективата на земјата
-
Преодно стабилизирање на времето се очекува во петок