МНР апелира - За безбедноста на македонските граѓани да се контактира амбасадата во Париз
Министерството за надворешни работи изразува длабоко сочувство за семејствата на сите загинати и повредени во терористичките напади во Франција и најостро ги осудува овие напади во кои животот го загубија над 150 граѓани, а неколку стотици се повредени.
За сите информации поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментот се наоѓаат во Франција, од МНР апелираат да се контактира македонската амбасада во Париз.
Лице за контакт: Министер-советник Габриел Атанасов.
Телефони: ++ 331 45 77 10 50; ++ 331 45 77 85 77; ++ 331 45 77 10 73
Мобилни телефони: +33 6 32 54 41 36; +336 79 80 12 27
Адреса: 5, rue de la Faisanderie, 75116 Paris
Е-пошта: paris@mfa.gov.mk
Од Македонската амбасада во Франција за МРТ соопштиле дека засега нема настрадани и повредени Македонци во синоќешните напади во Париз, во кои според досегашните сознанија животот го загубија најмалку 126 лица, во 7 синхронизирани напади.
Габриел Атанасов, министер советник во Македонската амбасада во Франција, во телефонска изјава за МРТ вели дека досега никој не побарал помош од Амбасадата. Додава дека македонската амбасада е во контакт со Македонците кои живеат во Париз, и исто така е во контакт со останатите амбасади во француската престолнина.
Ново на Сител
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Тема на денот со Јанаки Митровски, адвокат
-
Се крои владината коалиција со Вреди - ВМРО-ДПМНЕ веќе сама обезбеди 61 пратеник
-
Мицкоски во јавните настапи ќе користи „Македонија“ и „македонски“
-
Управен суд ја запре постапката за жалбата на коалицијата Вреди
-
Поради недоаѓање на сведоците одложено рочиштето за Пендиков
-
Корупцијата и неефикасната администрација - најголем проблем за германските инвеститори
-
Палчо ја помина првата вечер во притвор во „Шутка'', од неговата партија бараат биохемиска анализа на оброците