-->
-->
Младите македонски ракометарки на чекор до Европското првенство
-->
Младата женска репрезентација на Македонија (до 19 години) се на чекор до пласман на Европското првенство што годинава ќе се одржи во Словенија.
Со синоќешниот триумф над Молдавија со 44-25, а во рамките од првата квалификациска група чии средби се играат во СРЦ „Кале“ во Скопје избраничките на селекторот Борче Марковски се многу блиску до освојување на второто место кое води на ЕП во Словенија.
Убедливиот пораз на ракометарките на Фарските Острови од Унгарија со 41-16, ја искачи Македонија на втората позиција со ист број бодови (2) како и Фарските Острови, но подобра гол разлика (Македонија +4, Фарски Острови -7).
Така, во вечерашниот меч на нашите јуниорки им одговара и нерешен резултат, но сигурно дека црвено-жолтите ќе дадат се од себе да остварат и победа со која ќе го потврдат второто место.
Натпреврот Македонија – Фарски Острово ќе се игра во терминот од 19 часот и 30 минути, а од таборот на нашата млада селекција ја повикуваат побликата да им даде поддршка во обидот да се оствари пласман на континенталното првенство во Словенија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Приведени две лица во Чашка за поткуп при избори
-
Приведени две лица поради основи на сомнение за поткуп при избори во Чашка
-
САД со визни рестрикции за раководители на бродски компании од Колумбија кои превезуваат нелегални мигранти
-
Бајден разговараше со Нетанјаху и ја повтори загриженоста на Америка поради инвазијата врз Рафа
-
Три лица во Прилеп истепале 20-годишник
-
Скопјанец нападнат од маж и жена во автобус
-
Малолетник избоден во Куманово
-
Од среда до викендот нестабилно со пороен дожд и грмежи