Митков: Им посакувам се најдобро на соиграчите
Влатко Митков синоќа го одигра последниот меч во дресот на ракометната репрезентација на Македонија која со убедливата победа над Чешка 33-20, се пласира на завршницата на Европското првенство во Хрватска следната година.
35-годишниот Митков кој беше еден од столбовите во одбраната на црвено-жолтите и дел од сите успеси на машкиот репрезентативен ракомет доби пригоден подарок од претседателот на Ракометната федерација на Македонија, Живко Мукаетов.
Митков во дресот на Македонија настапи на 92 натпревари, а со синоќешниот еден гол против Чешка, за македонската репрезентација постигна вкупно 79 голови.
По дуелот Митков изјави:
- Мислам дека момците ќе остварат добар пласман на ЕП, а јас им посакувам се најдобро. Инаку, за самиот дуел со Чешка знаевме дека ќе биде тешко, а селекторот Раул истакна дека првите 15 минути ќе бидат најтешки и дека мора да ги одиграме најдобро.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Неда Малеска Сачмароска
-
Тинекс отвора уште неколку нови маркети, денеска отворен маркетот во О. Илинден
-
Во понеделник се враќа старата цена за осигурување на возилата
-
Животот како пред еден век
-
Мирен изборен ден
-
Ковачевски на митинг испрати пораки до Ахмети
-
27 Април да не се повтори
-
ВМРО-ДПМНЕ промовира проекти