Македонија
27. February 2017 - 21:43

Мисиркова: Не смееме да ја доведеме во прашање уставноста поради негување на туѓи интереси, од туѓи држави

Не смееме да ја доведеме во прашање уставноста поради негување на туѓи интереси, од туѓи држави, смета македонската пијанистка и правнука на Крсте Петков Мисирков, Елена Мисиркова.
 
Како дел од Граѓанската иницијатива за Заедничка Македонија што стои зад денешниот сеграѓански собир, таа во интервју за ТВ НОВА изјави дека е недопустливо некој да се меша во внатрешните работи на земјата и да го доведува во прашање нашиот идентитет.
 
-Очекуваме будење на свеста за нашите интереси што понатаму ќе го увидат сите оние кои се стремат да нè прекројат, впрочем тоа се случува години наназад во историјата на Македонија. На пример, татко ми почина и не успеја да си го види родното место, Постол (Пела на грчки), воедно и родно место на Крсте Петков Мисирков. Тоа го носам како грутка, такви судбини имаме многу и не смееме да допуштиме да се повторуваат, истакна Мисиркова.